Истанбул

ВЕЛИГДЕН ВО ИСТАНБУЛ СО БУРСА И ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ
Термин: 26-30.04.2019

1 ден петок:

Поаѓање во попладневните часови од Кочани (организиран трансфер Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица и Делчево ). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден сабота:

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Доколку собите не се ослобдени од претходната група, се почитува хотелијерската политика (chek in -14:00h local time) .Средба на групата со локалниот водич пред хотел. Туристичката програма започнува со панорамска обиколка на Истанбул со локален водич. Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул. Ќе направеме групна фотографија под Босфорот кај кој се открива прекрасна позадина. По прошетката во паркот се враќаме на стариот дел на Истанбул (Европскиот) и продолжуваме со 90мин.”. факултативно крстарење со брод по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате в Европскиот брег на Босфор до тврдината “Румелија Хисар”, да ги фотографирате прекрасна тапалата “Долмабахче”, Сарај, дворецот “Јилдиз”, дворецот “ЧифтеСарај”. Потоа бродот се упатува кон азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили, каде се снимени повеќето од турските серии. Продолжуваме со разглед на хиподромот, на плоштадот Султанахмет.Посета на “Синатаџамија” – единствена со шест минариња. Факлутативна посета на палатата Топкапи- дворецот каде е одигран филмот за Султан Сулејман. Слободни активности за индивидуална прошетка од центарот Султанхмет до хотелот со попатна посета на Капали чаршија. Слободно време. Ноќевање

3 ден недела:

Појадок. Факултативна посета на Принциските Острови со траект. Тргнување со брод од пристаништето. Се плови преку Мраморното Море до Островот на принцовите пловидбата трае околу 1,45 час. (– архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². На островите живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија.Најголемиот од нив е Бујук Ада – тоа е островот што е посетен за време на екскурзијата. На островот можат да се изнајми кочија за прошетка, а цената на кочијата (со времетраење од 45 мин.) – 30 турски лири,(околу 300 денари) цената на кочијата со време траење (1.10ч.) – 40 турски лири.(околу 400 денари). Прекрасните рибни ресторанти покрај морето се вистинско уживање за сите туристи. Враќање во хотелот. Вечерта факлутативна посета на најпопуларниот плоштад во Турција-Таксим и улицата која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време за разглед на Галата Кула, шопинг во многубројните продавници, ресторанти, кафулиња.. Враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден понеделник:

Појадок. Од 07:00 до 08:30. Слободно време или факултативна посета на градот Бурса. Бурса со локален туристички водич.Бурса е 4 град во Турција по големина со над 2 милиони население.Се наоѓа во северозападна Турција, лежејќи во подножјето од околу 2.500 метри висорамнини -Улудаг во близина на Мраморно Море. Бурса важи за еден од најевтините градови во Турција кој е неверојатен за шопинг на облека, завеси, предмети во домаќинството, накит, обувки итн.. по неверојатно ниски цени.Разглед на градот со локален водич.Факлутативна можност за користење на жичарница која важи за една од најдолгите во светот од 9km. Жичарницата ве носи на надморска висина од 2543м, каде што доживувањата, фотографиите, природата и панорамата на градот е вистинска атракција за сите туристи од светот. Слободно време во центарот на градот за, прошетка. Шопинг, ручек, кафе.. Враќање во вечерните часови во Истанбул. Ноќевање

 5 ден вторник:

Појадок. По појадокот се тргнува кон Македонија.Посета и шопинг на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште, каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор. Посета најразновидниот аквариум во светот Florya кој нуди разглед на најразнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума. Слободно време за шопинг во елитниот шопинг центар Florya, кој содржи продавници за секаква категорија на купувачи. Шопинг центарот се наоѓа на неверојтана локација покрај морето со над 30 ресторанти и кафулиња, каде што на секоја голтка кафе минува по еден авион на аердоромот Ататурк. Се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови.

РАНА УПЛАТА ДО: 20.03.2019
ЦЕНА: 105 ЕВРА / 6510 ДЕНАРИ

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • - Превоз со високотуристички автобус
  • - Три ноќевања со појадок во хотел 3*
  • - Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич
  • - Разглед на Хиподромот
  • - Разглед на Сината џамија
  • - Придружник од агенцијата

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНO:

  • - Крстарење по Босфор – 15еур
  • - Топкапи палата-15 еур
  • - Посета на градот Бурса со локален водич (целодневна) – 30еур
  • - Принцески осторви – 15еур
  • - Таксим и Галата кула – 10еур
  • - Облакодер Сафир и 4D симулација – 20еур
  • - Најголемиот аквариум во Европа – 20 еур
  • - Пакет факлутативи: 110 еур
  • - Патничко осигурување – 200 денари
  • - Цена: 105 еур / 6510 ден.

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • - Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца.

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • - Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • - Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • - Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • - Пасошот мора да има важност минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжмано
  • - Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • - Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • - Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • - Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • - Со оваа програма важат Општите услови на TA САФАРИ.