Бангкок + Пукет

Бангкок е динамичен град кој со својата разновидност претставува спој од традиција и мода. Преполните улици со туристи, тук тук, шарените пазари, раскошните храмови, вкусната улична храна и енергичниот ноќен живот го прават Бангкок да биде највозбудливa и најпосетена метропола во светот.

Пукет е меѓу најдобрите дестинации во светот кога станува збор за прекрасни бели песочни плажи со бистра морска вода. Патонг, Ката и Карон се само дел од плажите кои вредат да се посетат. Тој располага со стотици хотели и ресторани кои нудат голем избор на национална и интернационална кујна. Островот со својот динамичен ноќен живот е идеално место за забава и место кое не треба да се пропушти. 

Хотели во Бангкок и Пукет
период на патување: јуни - октомври 2019
направете комбинација од хотели во Бангкок и Пукет по ваш избор

Име на хотелот во Бангкок          Услуга 3 дена / 2 ноќи
Ibis Bangkok Sathorn 3* BB 157 €
Furama Silom Bangkok 4* BB 166 €
Aetas Bangkok 5* BB 207 €
Amara 4* (executive room*) BB 253 €
Banyan Tree 5* (serenity room*) BB 368 €

 

Име на хотелот на Пукет                   Услуга  10 дена / 9 ноќи
The Blue Pearl Kata Hotel 3* RO 287 €
Peach Hill Resort 3 * BB 434 €
Kata Sea Breeze Resort 3 * BB 434 €
Andaman Cannacia Resort 5 * BB 475 €
Peach Blossom Resort 4* BB 503 €
Maikhao Palm Beach Resort 4* BB 521 €
Bandara Phuket Beach Resort 4* BB 544 €
Centara Кata 4* BB 572 €
Thavorn Beach Village Resort 5* BB 705 €
Santhiya Koh Yao Yai Reort & SPA 5* BB 728 €
Six Senses 5* BB 2136 €

Цената е по лице и вклучува:
- Авио билет со Qatar Airways на релација Скопје-Бангкок 
- Авио билет на релација Бангкок-Пукет-Бангкок
- Авио билет на релација Бангкок-Скопје 
- Чекиран багаж од едно парче до 30 кг. по патник + едно парче 7 кг. рачен багаж
- Трансфери според програмата (аеродром-хотел-аеродром на Пукет, аеродром-хотел-аеродром во Бангкок) 
- 11 ноќевања во избраниот хотел по соодветна услуга*

Цената не вклучува:
- Аеродромски такси (312 €)
- Трошоци за вадење туристичка визa за Тајланд 60 € 
- Трошоци за факултативни излети
- Патничко осигурување

*Легенда:
- RO: само ноќевање
- BB: ноќевање со појадок
- BB (executive room): ноќевање со појадок (Club Lounge: кафе и чај во текот на денот, вечерно Канапе, пиво, вино и безалкохолни пијалoци од 17.00 до 19.00 часот, бесплатно дневно користење на минибарот во соба, бесплатен сервис за перење алишта: максимум 2 парчиња на ден)
- BB (serenity room): ноќевање со појадок (Club Lounge: кафе, чај, безалкохолни пијалoци и лесни закуски од 07.00 до 11.00 часот, точено пиво од 10.00 до 20.00 часот, вечерно Канапе од 17.30 до19.30 часот, бесплатен сервис за перење алишта: максимум 2 парчиња на ден)

Забелешки:
- Посредуваме при вадење туристичка виза за Тајланд
- Цената важи за ограничен број места. За достапност на понудата на датумите кога сакате да патувате, јавете се во агенција
- Минимум патници: 2, еднокреветна соба со доплата 
- Постои можност за продолжување на престојот во хотелот на Вашата дестинација. За додатни информации, јавете се во агенција

НАПОМЕНИ: 
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА Сафари и СКТМ. Бидејќи се работи за аранжман со авионски превоз, потребна е целосна уплата на цената при резервација и истата неможе да се откаже и е нерефундабилна.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2