Hotel Zara ****

Hotel Zara

Во едно од најромантичните и најубави катчиња во Банско се наоѓа сосема модерниот комплекс Зара. Хотелскиот комплекс Зара се наоѓа на околу 400 метри од станицата на ски лифтот, и на 500 метри од центарот на градот Банско. До станицата на ски лифтот хотелот Ви обезбедува бесплатен трансфер. Луксузниот четириѕвезден хотел Вам, на Вашето семејство и Вашите пријатели ќе Ви овозможи незаборавен престој и одмор. Хотел Зара ќе ве освои со луксот и убавината на 89 стандардни, луксузни и едноспални апартмани обезбедени по највисок стандард, во кои ќе го најдете се она неопходно за пријатен престој. Хотелот располага и со модерен и функционален спа центар кој ќе придонесе за неповторливо релакс уживање во базен, џакузи, парна бања, сауна, турска бања и салон за убавина. За најмалите хотелот нуди детско катче со професионални аниматори. Хотелот располага и со лоби бар, ресторани и летна градина, како и билијард и електронски игри за оние кои сакаат да се забавуваат, а за скијачите удобен ски гардеробер.

 

Термини 05.04 – 25.04
29.04 - 11.07
26.04 – 28.04 12.07 – 12.09 13.09 - 30.11
Исхрана HB + ALL HB + ALL HB + ALL HB + ALL
Двокреветна стандардна 20 € 25 € 24 € 29 € 25 € 30 € 22 € 27 €
Двокреветна лукс 23 € 28 € 27 € 32 € 28 € 33 € 25 € 30 €
Апартамансо една спална 27 € 32 € 32 € 36 € 32 € 37 € 29 € 34 €

 

Во цената е вклучено:
- Ноќевање на соодветено избрана пансионска услуга
- Користење на надворешен базен (15 јуни - 15 септември)
- Користење на детскиот сектор во внатрешниот базен
- Користење на парна бања, сауна, фитнес, џакузи, детско игралиште во градината
- wi-fi во целиот хотел

Во цената НЕ е вклучено:
- Патничко Осигурување
- Индивидуални трошоци

Политика за сместување:
- Деца до 5,99 год. се сместуваат бесплатно во хотелот
- Дете од 6 до 11,99 год. сместено на дополнително легло со двајца возрасни, се сместува бесплатно
- Второ и Трето дете од 6 до 11.99 год. сместени на дополнително легло, со двајца возрасни - плаќаат по 50% од
цената за возрасен
- Возрасен сместен на дополнително легло - плаќа 70% од цената по лице
- Еднокреветната соба се плаќа 80% од цената за двојно сместување во соодветниот тип
- Деца од 6 до 11,99 год., сместени на редовно легло со еден возрасен - плаќа 70% од цената по лице


Попусти:
- Летна сезона - 6=5 / 7=6 / 10=9 / 14=12
- Пролет / Есен - 5=4

 

Капацитет и сместување:
- Максимална можност за сместување во Двокреветна соба стандард е 2 возрасни на редовно легло
- Максимална можност за сместување во двокреветна лукс соба е 2 возрасни на редовен кревет + 2 деца до 12 години
на дополнителен кревет или 3 возрасни
- Максимална можност за сместување во Едноспален апартман е 2 возрасни на редовен кревет + 2 деца до 12 година на
дополнително легло или 4 возрасни

Исхрана:
- HB - појадокот и вечерата се на блок маса. Во случаи на помалку од 25 лица во хотелот блок маса се заменува со мени;
За време на вечерата се вклучени следниве пијалоци: минерална вода, наливно вино, наливно пиво, бугарски алкохол.
- All Inclusive - појадок, ручек и вечера на блок маса; Во случаи на помалку од 25 лица во хотелот блок маса се заменува
со мени
- Ручекот и вечерата ги вклучуваат следниве пијалоци - минерална вода, наливно вино, пиво, бугарски алкохол
- Ужина од 16:00 до 17:00 часот. - лесни закуски, кафе, чај, сок, минерална вода

НАПОМЕНИ:
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2