Hotel Bansko Spa & Holidays ****

Hotel Bansko Spa & Holidays

Четири ѕвездениот комплекс Банско Спа & Холидејс е изграден по водечките хотелски стандарди. Хотелот се наоѓа на западниот дел на градот и им овозможува на своите гости величествен поглед кон трите планини Пирин, Рила и Родопи. Модерно уреден со блескава елегантност хотелот располага со 80 двокреветни стандардни соби, 9 двокреветни мансардни соби, 3 фамилијарни соби и 6 апартмани. Сите тие се опремени со телефон, ТВ, интернет, клима, сеф, мини бар и купатило. Повеќето од собите имаат и просторни балкони. Хотелот располага со модерен сигурносен систем, со тоа што сите соби се отклучуваат со магнетни чипови. Хотел Банско Спа & Холидејс им овозможува на своите гости и дополнителни услуги како: рум-сервис, фризерски услуги, велосипеди за наем, различни екскурзии, две конференциски сали со капацитет од 60-100 места опремени со соодветна технологија и многу други. На Ваше располагање се и ресторан, традиционална бугарска меана со национална кујна каде ќе имате можност да ги вкусите највкусните кулинарски искушенија приготвени од професионални кувари. Хотел Банско Спа & Холидејс може да се пофали со најмодерниот Спа центар кој нуди топла и прекрасна атмосфера.

Цени по лице за период
01.12.18 – 31.03.19

Термин 01.12.2018-22.12.2018
HB
23.12.2018-27.12.2018
HB
28.12.2018-02.01.2019
HB
03.01.2019-28.02.2019
HB
01.03.2019-31.03.2019
HB
Двокреветна соба 26 € 36 € 54 € 34 € 26 €
Единечна соба 36 € 51 € 79 € 49 € 36 €
Фамилијарна соба 31 € 41 € 59 € 39 € 31 €
Мансардна соба 25 € 35 € 54 € 34 € 25 €
Апартман 72 € 93 € 133 € 89 € 72 €

Во цената е вклучено:
- ноќевање
- исхрана на база HB(појадок и вечера)
- користење на базен,сауна, парна бања, релакс зона, дитнес
- WI-FI
- паркинг
- транспорт до ски лифтот и обратно до хотелот

Попусти:
- Дете до 6,99 години сместено на дополнителен кревет - бесплатно
- Две деца до 6,99 години на дополнителен кревет, првото е бесплатно а второто плаќа 50 % од цената за редовно легло
- Деца од 7 - 13,99 години на дополнителен кревет имат 50% попуст
- Деца од 7 - 13,99 години на редовен кревет имат 30% попуст
- Трет возрасен на дополнителен кревет - 30% попуст
- Доплата за едноспален апартман – 25 евра на ден

- Божиќна вечера на мени – 30 евра за возрасен и 15 евра за дете 4 – 13,99 г./. не е задолжителна. - Новогодишна вечера е задолжителна – 75 евра/возрасен и 37,50 евра/дете 4 – 13,99 г./.

Термин 01.12.2018-
22.12.2018
HB
23.12.2018-
27.12.2018
HB
03.01.2019-
28.02.2019
HB
01.03.2019-
31.03.2019
HB
Двокреветна соба 31 € 41 € 39 € 31 €
Единечна соба 44 € 60 € 57 € 44 €
Фамилијарна соба 36 € 46 € 44 € 36 €
Мансардна соба 30 € 41 € 39 € 30 €
Апартман 84 € 111 € 105 € 84 €

Во цената е вклучено:
- ноќевање
- исхрана на база се вклучено по приложена програма
- користење на базен,сауна, парна бања, релакс зона, дитнес
- WI-FI
- паркинг
- транспорт до ски лифтот и обратно до хотелот

Програма All inclusive - се вклучено :
- Појадок - 07:30 – 10:00
- Шведска маса или мени + кафе, чај, сок
- Пијалоци - вода, сок, топли пијалоци од апарат

Ручек шведска маса или мени - 12:00 – 14:00
- Пијалоци - вода, сок, топли пијалоци од апарат, локални алкохолни пијалоци, пиво и вино
Можност за ланџ пакет

Ужина - 15:30 – 17:30
- Вклучува - сендвичи, колачи, овошје
- Пијалоци - вода, сок, топли пијалоци од апарат

Вечера шведска маса - 19:00 – 21:00
- Пијалоци - вода, сок, топли пијалоци од апарат, локални алкохолни пијалоци, пиво и вино

НАПОМЕНИ:
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2