Hotel Belvedere Holiday Club

Hotel Belvedere Holiday Club

Hotel Belvedere Holiday Club е комплекс од 3 згради со големо внатрешно пространство и зелена околина кој на гостите им нуди голем број удобства и одличен престој во апартмани. Има одлична локација - на само 4 минути пеш од кабинковиот лифт и во близина на новиот Мол на Банско. Хотелот располага со внатрешен и надворешен базен, СПА центар, детско катче, билјард, мини кошаркарско игралиште, соба со електронски игри, фудбалско игралиште, пинг понг маса. На гостите на располагање им се 3 паркинг простори, а во зимната сезона на располагање им е транспорт до кабинковиот лифт. Комплексот има и удобна сала за конференции со 120 места идеална за бизнис состаноци, семинари, обуки и слично.

 

Лето 15.07-08.09.19

Тип на апартман
наем

BB

HB

FB
Апартман со 1 спална (2 лица) 46 € 51 € 55 €
Апартман со 2 спални (4 лица) 78 € 87 € 97 €
Возрасен на дополнителен кревет 17 € 22 € 24 €
дете од 6-11,99 год.,на дополнителен кревет 12 €  17 € 19 €

 

Цената е во евра за наем на апартман и вклучува:
- појадок, вечера, користење на базен, финска сауна, инфрацрвена сауна, парна бања, турска бања, фитнес, џакузи, бежичен интернет достапен во целиот комплекс, паркинг.

Во цената не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување 

НАПОМЕНИ: 
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2