Атина

ВЕЛИГДЕН ВО АТИНА
Термин: 26-30.04.2019

1 ден 26.04.2019 СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ден 27.04.2019 АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Следи панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно). Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден 28.04.2019  ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена – Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Во вечерните часови предлагаме вечера во таверна. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 29.04.2019 АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН – СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 30.04.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 119€/7.380 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129€/8.000 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • - Сместување во хотел  3* – 2НП (ноќевање + појадок)
  • - Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • - Организација и реализација на патувањето
  • - Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • - Посета на Пиреа и Сунион – 10€
  • - Организиран разглед на Атина со локален водич – 10
  • - Факултативна посета на Пелопонез, Микена и Епидариус – 30€
  • - Патничко осигурување – 5
  • - Вечера во таверна – 35€
  • - Влезници за локалитети и други факултативни посети како и индивидуални трошоци
  • - Доплата за еднокреветна соба 3.100 денари

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • - Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • - Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • - Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • - Пасошот мора да има важност минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжмано
  • - Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • - Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • - Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • - Аранжманот е правен врз база на 45 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • - Со оваа програма важат Општите услови на TA САФАРИ.