Венеција - Милано - Верона

Венеција - Милано - Верона

22.05-26.05.2019  (5 дена / 2 ноќевања со појадок)

 

ПРОГРАМА:

Прв ден: Виница – Кочани – Штип – Велес – Скопје – Лидо Ди Јесоло

Состанок на групата во 13:30 пред т.а. Либеро Травел, попатно ги земаме патниците од Штип (нова пошта) Велес (нов кружен, бензинска Макпетрол), Скопје (Скопски саем, паркинг кај хотел ВИП).Ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи и царински формалности.

Втор ден: Верона (факултативно)

Пристигнување во Верона. Пешачки разглед на градот.Обиколката ја започнуваме со Собранието во Верона и Арената (римски амфитеатар изграден првично во први век и собирал 30.000 гледачи), кои се наоѓаат на плоштадот Бра, потоа се упатуваме по главната шопинг улица Џузепе Мацини, каде ги имате најголемите брендови од модната индустрија.Улицата води дирекно до плоштадот Ербе. Следна дестинација ни е куќата на Јулија, каде ги гледате споменикот на Јулија и терасата каде што ќе може да се фотографирате (не е предвидено групно влегување).Слободно време за индивидуални разгледи на Верона, шопинг и кафе.По договорено време се упатуваме кон хотелот и се сместуваме.Ноќевање.

Трет ден: Лидо ди јесоло – Милано (факултативно)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет до градот на модата Милано: пристигнуваме во предпладневните часови. Разглед на градот со локален водич: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот. Потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle – најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton итн.) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. Слободно време за шопинг и индивидуални активности.Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе.Враќање во хотелот во вечерните часови.Ноќевање.

Четврти ден:  Лидо Ди Јесоло – Венеција –Палманова – Кочани

Појадок. Одјавување од хотелот. Се упатуваме кон е кон пристаништето Пунта Сабиони и се упатување со брод кон Венеција. Разглед на градот со локален туристички водич: плоштадот Св. Марко, Базиликата, Дуждевата палата, мостот Риалто, мостот на Воздишките… Слободно време за индивидуални активности.Состанок на групата во претходно договореното време со водичот и враќање во Лидо, ги земаме преостанатите патници, продолжуваме во еден од најпознатите шопинг центри во Европа – Палманова, можност за шопинг 2-3 часа, по договор.Тргнување за Македонија во попладневните часови.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија.

Петти ден: Кочани

Враќање во Кочани во раните утрински часови во зависност од задржувањето на границите и условите на патот.

 

УПЛАТА ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 10.05.2019 – 99€/6140 ден.
ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 109€ /6760 ДЕНАРИ

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во 1/2 и 1/3 соби во Лидо ди Јесоло
  • Посета на OUTLET SHOPPING CENTER PALMANOVA
  • Организација на аранжманот
  • Придрижник од агенцијата

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Посета на Венеција (превоз со брод од Пунта Сабиони+водич) – 20€
  • Посета на Верона – 10€
  • Посета на Милано (превоз +водич) (25€)
  • Влезници за локалитетите
  • Индивидуални трошоци
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување (200 денари)
  • Доплата за еднокреветна соба – 45€

 

ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 10% попуст

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот.Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на ТА САФАРИ и СКТМ.