Будимпешта - Виена - Сент Андреа

Будимпешта - Виена - Сент Андреа

Термин 23.05.2019 - 26.05.2019
(5 дена / 2 ноќевања со појадок)

 

ПРОГРАМА:

1 ден (23.05.2019 – четврток): Кочани – Скопје – Белград – Будимпешта

Тргнување од Кочани пред туристичката агенција во 17:00 часот. Ппопатно застанување во Штип, Велес и Скопје. Се упатуваме кон Будимпешта со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.

2 ден (24.05.2019 – петок): Будимпешта

Пристигнуваме во утринските часови во Будимпешта. Унгарската престолнина е една од највеличенствените и прекрасни европски дестинации. Градот е како мост помеѓу Источна и Западна Европа. Расположена е на реката Дунав опкружена со природна убавина и чудесна архитектура. Будимпешта може да го задоволи секој различен вкус на туристите. Обиколката на Будимпешта со автобус ќе Ви овозможи да се соживеете со долгата и бурна историја на градот, како и мостовите на реката Дунав, Плоштадот на хероите, Рибарските кули, Будаиската тврдина, Св. Гелерт и Парламентот кои се едни од најстарите законодателни згради во цела Европа спомениците на Св. Иван и Св. Троица, Црквата Св. Матијаш. Сместување во хотел. Слободно индивидуално време. Факлутативно крстарење по  Дунав околу 19:00 часот (15 еур со вклучен локален водич). Ноќевање.

3 ден (25.05.2019 – сабота): БУДИМПЕШТА – ВИЕНА (факултативно)

Појадок. Во 08:00 се упатуваме кон главниот град на Австрија – Виена со попатно застанување во Outlet Shopping Center  – Parndorf. Виена е еден од најпрекрасните градови не само во Европа, туку и во целиот свет, кој датира уште многу години пред архитектурата на стариот континент. Овде е местото каде владее стилот „Сецесион“. Обиколката на градот Виена со автобус и локален водич ќе ви овозможи да уживате во сите знаменитости на величенствената австриска престолнина. Бескрајно впечатливо во овој град се светилките низ градот кои го прават магичен центарот на градот. Прошетка по Ринговата улица, која ќе ни овозможи да ги видиме Операта, Парламентот, статуата на генерал Радецки, Вотрив Кирхе, Бургартен со споменикот на Моцарт, Дворецот Белведере, Природно-научни и историски музеи. Поаѓање за Будимпешта во попладневните часови  Ноќевање.

4 ден (26.05.2019 – недела): БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА 

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и упатување во факултативна посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Слободно време за индивидуални активности.  После посетата на Сент Андреа, се упатуваме во посета на еден од најголемите шопинг центри – Арена Плаза. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности. Пристигнување во Скопје/Кочани во раните утрински часови.

 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 10.05.2019: 99 еур/6140 денари
 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички авотбуси, Klima, CD; DVD
  • 2 ноќевања со појадок во – хотел 3*
  • Разглед на Будимпешта со локален водич
  • Придружник од туристичката агенција за време на патувањето

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Крстарење по реката Дунав – 15 евра (минимум 20 патници)
  • Посета на Виена со локален водич и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF  – 25 евра
  • Посета на Сент Андреа – 10 евра
  • Патничко и здравстевно осигурување 150 денари

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца.

 

НАПОМЕНИ:

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • ТА САФАРИ го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници, и важат општите услови на патување на СКТМ и ТА САФАРИ.
  • За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.