Атина

Атина

Термин: 23 Maj - 27 Мај

 

1 ДЕН 23.05.2019 СКОПЈЕ –АТИНА

Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2 ДЕН 24.05.2019 АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера. Ноќевање.

3 ДЕН 25.05.2019 АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион - Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Ноќевање.

4 ДЕН 26.05.2019 АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ДЕН 27.05.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 евра / 7380 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • - Автобуски превоз на наведената релација
  • - Сместување на база 2 НП во хотел 3*
  • - Организација на аранжманот и пратител на групата


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • - Задолжително патничко осигурување 175 ден
  • - Разглед на градот (10€)
  • - Факултативна посета на Пелопонез (30 €)
  • - Вечера во Таверна (35€)
  • - Посета на Пиреј и Сунион (10€)
  • - Влезници за локалитетите и други факултативни посети
  • - Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден


НАПОМЕНИ:

  • - За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • - Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • - Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • - За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена
  • пред поаѓање
  • - Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ТА САФАРИ
  • - Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради
  • недоволен број на патници или виша сила.
  • - Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.